И покрај инсистирањето на болничкиот персонал овој скандал да се скрие, членовите на семејството ја известиле полицијата.
Косовската полиција соопшти дека Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат започнале истрага против гинеколошкото одделение на Општата болница во Пеќ, а откако било откриено дека некој од одделението по грешка го ставил телото на мртво бебе во машина за перење, од кој е изваден на парчиња, јави „Индекс онлајн“, пренесе Косово-онлајн.
Таткото на бебето изјавил дека случајот го шокирал неговото семејство и дека целата работа излезе на виделина кога болницата одбила да го предаде телото на бебето. Татко не престанал да се обидува да ја дознае вистината за своето мртво бебе, но останал шокиран кога со свои очи ги видел посмртните останки на своето бебе, откако ја извадиле од болничката машина за перење меѓу чаршафите.
Случајот го потврди и косовската полиција, која соопшти дека истрагата ја водат Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат.
Во меѓувреме, Општата болница во Пеќ на својата веб-страница објави дека за овој случај се суспендирани седуммина вработени и дека против нив е поведена дисциплинска постапка, јавуваат Репортери.
Портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ, Шкодран Ники изјави дека случајот се случил минатата недела и дека во тек е почетната фаза од истрагата.