Српскиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ (62) починал откако го искасале улични кучиња во селото Велика Иванча кај Младеновац.
Како што пренесуваат белградските медиуми, во нападот на разбеснетата глутница била повредена и неговата сопруга Олга (58) која се обидела да му помогне.
Таа со лекари од Итната помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.
Како што претходно објавија медиумите, кучињата го искасале Радосављевиќ за нозете и рацете, при што бил тешко повреден. Лекарите се обиделе со реанимација, но тој починал.
Радосављевиќ беше новинар, порано на НТВ Студио Б, како и еден од основачите на ПГ Мрежа.