Во загрепската населба Травно вчера со нож до смрт е избоден 77 годишен маж.
Уапсен е 41 годишниот Иван Нујиќ кој последните пет дена на Фејсбук се фалел со убиството на својата мајка, која ја избодел 28 пати во истиот стан во Травно во 1997 година, па жалел што не убил повеќе луѓе.
Лекарите од брзата помош вчера само прогласиле смрт на 77 годишниот маж, за кого немало спас.
Нујиќ сам ја повикал полицијата, која по доаѓањето го привела во полициска станица.
Како што неофицијално објавуваат медиумите во Хрватска, Нујиќ е психички болен. Полицијата засега не дава многу информации за случајот.
Но, како што неофицијално дознава хрватски „Индекс“, убиецот пред 20 години ја убил и својата мајка.
41 годишниот маж после криминалистичкото испитување, ќе биде приведен пред истражен судија, кој ќе одлучува за неговото задржување во притвор.