На протестот на вработените во основните и средните училишта во Хрватска, што трае веќе три недели, денеска ќе добијат поддршка и од вработените на факултетите.
Во првата фаза, штрајкот на факултетите ќе трае само еден ден.
Вработените во основните и средните училишта вчера ја одбележаа третата недела од штрајкот со протест во Загреб. Тие истакнаа дека им е доста од празни ветувања од страна на Владата и дека ќе го продолжат штрајкот се додека не се реши проблемот со коефициентите за сложеност на работата на просветните работници.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно вети зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за нешто повеќе од шест отсто во три наврати од по два отсто, но тие не прифаќаат се додека не се решат коефициентите за сложеност на работата.