Производството на маслиново масло во Грција ќе биде помало за 30 до 40 проценти оваа година поради временските услови кои помогнаа за размножување на маслиновите муви – инсекти што наштетуват на оваа култура, соопштија официјални претставници од Министерството за земјоделство.
Портпаролот на Министерството истакна дека тоа ќе биде „најголемиот пад на производството во последните три години”.
Според експертите, причина за тоа се пониските од вообичаено зимски температури и обилните врнежи во јуни, кои создадоа поволни услови за размножување на маслиновите муви. Во ноември Министерството за земјоделство започна научно истражување за да се анализира тој феномен и можната поврзаност со климатските промени.
Најмногу погодени се плантажите за маслинки во Месинија и областа Лаконија на полуостровот Пелопонез, кои се воедно и најважните области за производство на маслиново масло во Грција. Само островот Крит е поштеден од ширењето на инсектите.
На министерскиот состанок за ова прашање, кој беше организиран минатата недела, Атина побара помош од средствата на ЕУ за спаравувањесо кризи за да ги покрие загубите на производителите.
Грција е трет по големина производител на маслиново масло, по Шпанија и Италија.
МИА