недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ирански хакери повторно во напад, објавија банкарски податоци на албански функционери

Ирански хакери повторно во напад, објавија банкарски податоци на албански функционери

Иранските хакери од групата „Татковинска правда“, денеска објавија нови информации за функционери во албанските министерства и државни институции.

Во содржината објавена на мрежата Телеграм ги има нивните имиња, други чувствителни податоци, како и нивни банкарски сметки од банка која работи во земјата, а била хакирана вчера.

– Во списокот со имиња можеме да видиме ликови со важен политички статус, но и во правосудните институции. Во некои папки стои името на шефицата на албанското биро за истраги, Аида Хајнај, нејзините лични податоци како и податоци од нејзината банкарска сметка. Има податоци и за некои функционери на државната полиција како Арди Велиу, Гледис Нано. На овој список се наведени и имињата и личните податоци на членовите на Високиот судски совет, како и на дел од пратениците, јави Ора њуз.

Најголем дел од списокот на функционери, кои имаат сметка во оваа второстепена банка, го заземаат лица кои работат во Обвинителствата и судовите.

Според истиот извор, во врска со кибер-напад врз нејзиниот систем, вчера се огласија и банката која им “арантира на своите клиенти да не се грижат, бидејќи нивните пари се безбедни”.