среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Исчезна семејство од Србија: Во неделата заминале на летување на Тасос, а потоа им се губи трагата

Исчезна семејство од Србија: Во неделата заминале на летување на Тасос, а потоа им се губи трагата

Фејсбук профилот „Во живо од Грција“ инфомира дека маж и жена од Србија и нивните две ќерки се исчезнати во Грција.

Во објавата се наведува дека тоа се Александар Јокшиќ и Снежана Стаменковиќ со двете ќерки кои во неделата заминале за Тасос.

Бараме туристичките агенции да се вклучат и да проверат во нивните бази дали имаат патници под овие имиња. На овој начин ќе го дознаеме името на хотелот каде што престојувале, ќе контактираме со сопствениците и лесно ќе дознаеме дали пристигнале. Веруваме дека едноставно немале време да се јават. П.С. Постои можност презимето на Александар да е Јоксимовиќ, а не Јокшиќ, бидејќи добивме две жалби со различни презимиња, стои на објавата на групата.