По повеќе од 24 часа потрага, спасувачките служби го пронајдоа мртов исчезнатиот 61-годишен сточар на грчкиот остров Крит.
Од противпожарната служба на Грција соопштуваат дека телото било пронајдено на брегот од реката.
Грчките медиуми објавија дека телото било на оддалеченост од околу 10 километри од местото каде што исчезнал сточарот, односно каде што неговото возило беше повлечено од водите на надојдената река.
Инаку, човекот исчезнал откако со неговото возило бил повлечен од надојдените води на река. Спасувачките служби го пронашле превртен автомобилот на 100 метри од местото каде што исчезнал.