недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Исплатена последната транша од европската помош за Грција

Исплатена последната транша од европската помош за Грција

Европскиот стабилизациски механизам денеска соопшти дека ја исплатил последната транша од помошта за Грција во висина од 15 милијарди евра.

Во соопштението на Механизмот се посочува дека од вкупната сума, 9,5 милијарди се наменети за создавање на фонд, кој треба да и помогне на Грција за покривање на финансиските потреби за период од речиси две години.

Останатите 5,5 милијарди евра од средства се предвидини за исплата на доспеаните рати од кредитите на Грција.

Според директорот на Европскиот стабилизациски механизам, Клаус Реглинг, исплатата на последната рата од помошта е доказ дека Грција изминала долг пат за време на тригодишната програма за спас и дека „посветеноста и жртвувањето на грчкиот народ вродиле со плод“.

Исплата на последната транша од помошта за Грција доцни неколку недели, првенствено поради резервите на Германија, која се противеше на трансферот, тврдејќи дека Атина не ги исполнила во целост преземените обврски со програмата за спас.

МИА