Од мојот Горан не остана ништо, испадна од возило на Брза помош и беше прегазен среде магистрала. Ќе одам до крај, ќе ги тужам одговорните во Здравствениот центар во Врање, бидејќи тие се виновни за неговата смрт.
Ова е изјавата на Слаѓана Митиќ од село кај Врање, чиј сопруг Горан (56) настрада во судир кај Грделичка клисура во несекојдневна сообраќајна несреќа.
Горан, кој пред месец и половина имал мозочен удар, во петокот пред Бадник бил испратен од болницата во Врање со возило на Брза помош во Ниш на дополнителни анализи. Несреќата се случила околу 20 часот кај местото Џеп, на патот Врање-Ниш додека се враќање од Ниш.
-Возачот на санитетското возило тргнал да претекнува на полна линија, но кога видел дека од спротивната страна доаѓа друго возило, со цел да избегне директен судир, се вратил во својата лента ии удрил во шлепер. Од силината на ударот, Митиќ испаднал од возилото на патот, а на него налетало возило и го прегазило, вели извор за српски медиум и додава дека Горан починал на лице место, а медицинската сестра е полесно повредена.
Во несреќата учествувало уште едно товарно возило со македонски национални ознаки кое удрило во заштитната ограда.
Сопругата на починатиот вели дека слушнала од синот дека откако Горан почина бил прегазен од уште едно возило.
-Од него не остана ништо. Се е смачкано. Ќе го тужам Здравствениот центар во Врање, дури и тоа да значи да треба да се задолжам. Ќе одам до крај, додека сум жива, да ја истерам правдата бидејќи ова не се издржува, вели сопругата Слаѓана.
Горан кој зад себе остави три деца бил погребан вчера.
Српските медиуми јавуваат дека возачот е во притвор.