Грчката полиција отвори истрага и судски предмет за идентификација на лицата што во петокот попладне ги прекршиле превентивните мерки за заштита од коронавирусот и учествувале во собир во двор на црква во атинската населба Агиа Варвара, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштуваат од полицијата, во собирот учествувале околу 100 лица, биле идентификувани шест од нив, а еден е уапсен и ќе биде изведен пред јавен обвинител, додека пак истрагата е во тек.
Според грчките медиуми, групата од околу 100 граѓани, жители на населбата, се собрале пред црквата во знак на протест за владината одлука, црквите да останат затворени за верниците.