понеделник, 26. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Избегале од хотел право во пеколот: Отишле на меден месец во Грција- невестата е со изгореници, нејзиниот сопруг исчезнат

Избегале од хотел право во пеколот: Отишле на меден месец во Грција- невестата е со изгореници, нејзиниот сопруг исчезнат

Ирска невеста која со својот сопруг била на меден месец во Грција повредена е во пожарите кои избија кај Атина. Зои Холохан и Брајан О Калаган Вестроп, двајцата од Даблин се венчале минатиот четврток и престојувале во близина на популарното одмаралиште Мати, околу 30 километри од Атина, кое е едно од подрачјата зафатени со огнена стихија.

Парот, се обидел да побегне од хотелот во кој престојувале, кога пламените јазици го зафатиле тоа подрачје и се раздвоиле.

-Глетката беше хаотична. Беа присилени да избегнаат од хотелот право во пеколот. Влегоа во автомобил кој минуваше, но пламените јазици дивееја од двете страни- рекол еден сведок.

Невестата претрпела изгореници по главата и рацете и се наоѓа во една од грчките болници, но нејзиниот сопруг се води за исчезнат.

Нивните пријатели и семејство очекуваат вести за Брајан. Ирското министерство за надворешни работи и помага на Зои и грчките спасувачки екипи да го пронајдат нејзиниот сопруг.