Телата на сите осум членови на екипажот од украинскиот авион што синоќа се урна во близина на грчкиот град Кавала се извлечени во акцијата на спасувачките служби, јави дописничката на МИА од Атина.
Од противпожарната служба на Грција вечерва соопштија дека заврши акцијата за извлекување на телата, а извлечените тела се пренесуваат во општата болница во Кавала.
Осумтемина членови на екипажот се украински државјани.
Украинскиот карго авион Антонов-12, што пренесуваше 11,5 тони муниција од Србија наменета за Бангладеш,се урна синоќа еден час пред полноќ западно од грчкиот град Кавала. (МИА)