вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ја одржа најважната прес конференција во својот живот: Здравко Мамиќ изнесе шокантни детали пред јавноста

Ја одржа најважната прес конференција во својот живот: Здравко Мамиќ изнесе шокантни детали пред јавноста

Здравко Мамиќ денеска точно во 21 часот одржа шокантна прес конференција во која изнесе доста интересни работи. Советникот на Динамо Загреб неколку часа претходно ја најави прес конференцијата за медиумите.

-Ќе ја одржам најважната прес конференција во мојот живот, каде ќе изнесам шокантни детали кои ќе ги стресат самите темели на хрватското правосудство. Сакам да ви ја отворам целата вистина и да ви ги доставам сите податоци на увид од кои никој во нашата земја нема да остане рамнодушен, порача Мамиќ.

Мамиќ вели дека на неговата адреса во неколку наврати дошла одредена пошта. Како што тврди тој, се работи за конверзација меѓу Динко Цвитан, поранешниот државен обвинител на Хрватска, кој како што вели Мамиќ води приватна војна против него и Динамо, како и Тамара Лаптош, каде се гледа според него дека од судиите се бара да му пресудат.

Тој почна да ги чита пораките.

-Кога членовите на судскиот совет велат „На темел на што да го осудиме човекот?“, Цвитан вели дека доказите се непоборливи. Судијата вели „Сите докази, се на темел на индикации. Тоа спаѓа во повисоките инстанци“. Цвитан тогаш вели дека тоа „нивни проблем“.

Судијата вели „Не сте докажале ништо. Да пробате со Австрија? Ова се индиции, индиции и само индиции. Пола сведоци само читаа што кажаа, не сведочеа“/

Цвитан вели- не, тоа е доволно за преседан.

Мамиќ подоцна ја прочита наводната порака од Цвитан во која стои „Не се важни доказите, важно е на кого му застанал на рана. А ти не го заборава својот долг за патот до Жупанскиот суд“.

Судијата на тоа рекол дека го оставаат без избор.

Цвитан на тоа му одговорил да ги избрише пораките и да ја фрли картичката, како и дека има време да размисли дали е послушник.

Инаку, судот на 6 јуни точно на пладне ќе ја изрече пресудата за поранешниот челник на Динамо, Здравко Мамиќ, за неговиот брат Зоран, за поранешниот директор Дамир Врбановиќ и за економистот Милан Пернар.