Хрватската метеоролошка служба денеска, втор ден по ред, прогласи црвен метеоаларм на целото јадранско крајбрежје – од Истра до границата со Црна Гора – и жолт аларм во околината на Осијек.
Се очекува температурите денеска да стигнат до 35 степени.
Во сооопштението се наведува дека денеска хрватскиот брег на Јадранското Море ќе биде еден од најопасните делови во Европа поради екстремните горештини.