Стотици тони пластичен и друг отпад се исфрлаат од Јадранското Море при секоја посилна бура, а најпогодени се бреговите на островите, но и подрачјето на Дубровник.
Според „Далмација данас“ најчесто станува збор за ѓубре од Албанија, каде тамошниот отпад неконтролирано завршува во реките кои абнормалните количини пластична и друга амбалажа ги носат до Јадранското Море. Потоа морските струи и брановите го носат ѓубрето на морското дно и на хрвтаските плажи.
-Секако, ниту домашното население не е вакцинирано против еколошко самоубиственото однесување, посочува „Далмација данас“.
Фотографијата која ја објави порталот е настаната по вчерашното невреме во Хрватска.