понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Јанша е фаворит на утрешните избори во Словенија

Јанша е фаворит на утрешните избори во Словенија

Словенците утре, по осми пат од осамостојување, ќе излезат на парламентарни избори, на кои ќе гласаат за 90 членови на Државниот збор. Според анкетите, најголема поддршка ужива Словенечката демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша.

Предизборните анкети покажуваат дека мнозинството од 1,7 Словенци со право на глас се незадоволни од четиригодишниот мандат на лево-ориентираната коалиција предводена од Миро Церар.

Сите анкети покажуваат дека најмногу мандати во парламентот ќе добие СДС, со што ќе се отвори можност за формирање влада на десен центар. Но аналитичарите истакнуваат дека коалицискиот потенцијал на Јанша е релативно слаб, бидејќи зависи од изборниот резултат на демохристијанските Нова Словенија и Словенечка народна партија (СЛС), кои може и да не влезат во парламентот.

Според резултатите од агенцијата Медиана, партијата на Јанша има поддршка од 16,3 отсто, а на второ место е Листата Маријан Шарец (ЛМС) со 7,6 отсто, а трети се Левица на Лука Месец со 6,8 отсто доверба, прескокнувајќи ги социјалдемократите кои сега уживаат 5,5 отсто доверба.

Партијата Модерен центар (СМЦ) на актуелниот премиер Миро Церар има поддршка од 4,8 отсто.

Изборниот праг во Словенија изнесува четири отсто.