Словенија ќе го замени природниот гас од Русија со гас од Алжир, а подготвена е да ги активира и резервите на нафтени деривати доколку е потребно, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша, а пренесуваат медиумите од таа земја.
Одговарајќи на критиките од опозицијата дека неговата влада не одговорила адекватно на ескалацијата на цените на нафтата и природниот гас поврзана со украинската криза, Јанша вели дека министерот за надворешни работи Анже Логар неодамна постигнал договор во Алжир што ќе и дозволи на Словенија да го земени природниот гас од Русија со алжирски.
„Мислам дека договорот ќе биде потпишан наскоро, а тој обезбедува целосно снабдување со гас за помалку од една година. Имаме доволно енергетски резерви кога станува збор за нафтените деривати и можеме да интервенираме доколку дојде до целосен застој“, додава словенечкиот премиер.