Јавниот долг на Србија на крајот на август 2022 година изнесува 32,24 милијарди евра или 53,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП), покажуваат денешните податоци на Министерството за финансии.
Јавниот долг е номинално повисок за 790 милиони евра во однос на претходниот месец, кога изнесуваше 31,45 милијарди евра, а учеството во БДП е зголемено за 1,3 процентни поени од јулското ниво од 52,1 отсто.
На крајот на 2021 година јавниот долг на Србија изнесува 30,13 милијарди евра, што е 56,5 отсто од БДП. (МИА)