Кафеава мечка (Ursus arctos) по подолг период за првпат е документирана од чуварите на животната средина на Националната агенцијата за заштитени подрачја на Албанија и тоа во природниот парк „Планина со дупки-Бизе-Мартанеш“.
Според Агенцијата мораториумот на забрана за лов довело до зголемување на дивиот свет во текот на изминатите неколку години.
-Кафеавата мечка претпочита да живее под густа шумска покривка и нејзините движења се главно концентрирани во текот на ноќта. Кафеавата мечка (Ursus arctos) ужива национална и меѓународна заштита, која е наведена во Анекс II од Бернската конвенција и во Европската директива за живеалишта, наведуваат од Агенцијата.
Достигнува висина од 100 до 250 сантиметри и тежина од 80 до 300 килограми.