петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Каселакис: Луѓето од подрачјата погодени од поплавите се оставени сами, без никаква помош

Каселакис: Луѓето од подрачјата погодени од поплавите се оставени сами, без никаква помош

Сликата овде е шокантна. Луѓето се оставени сами, немаат никаква помош, порача новиот претседател на грчата опозициска партија СИРИЗА Стефанос Каселакис за време на неговата посета на областа Тесалија и градот Волос, подрачјата погодени од поплавите, јави дописничката на МИА од Атина.

Каселакис посети поплавени домови, поразговара со граѓаните, кои претрпеа материјална штета, а според видеата што самиот ги објави на социјалните мрежи, жителите на погодените подрачја детално го информирале за проблемите со кои се соочуваат.

-Знам дека знаете да преживеете, но треба државата да ви помогне да преживеете полесно, државата има морална обврска, ѝ рече лидерот на СИРИЗА на жителка на областа Тесалија.

Преку социјалните мрежи упати апел до државата да им помогне на луѓето, но и истакна дека реченицата што ја слушнал секаде е дека никој досега не ги посетил за да ја види ситуацијата.