22-годишниот Марко К. се удавил во Сребреното езеро во Србија, откако заедно со двајцата другари паднал од чамецот со кој се возеле од викендицата во која престојувале.
Телото на момчето го пронашле нуркачи од полицијата, кои вчера го пребарувале езерото.
Со чамецот момчињата отишле до другото крајбрежје од езерото каде се дружеле и пиеле. Потоа вечерта тргнале назад, околу полноќ, меѓутоа, во еден момент додека биле на езерото, лимениот чамец почнал да прима вода и да тоне.
Двете момчиња кои успеале да испливаат до брегот, го пријавиле исчезнувањето на својот пријател во Велико Градиште.