Полициски извори блиски до истрагата за исчезнатиот сплиќанец Матеј Периш, претпоставуваат дека неговите пријатели, од страв направиле катастрофална грешка. Според изворите, пријателите на Матеј чекале повеќе од 12 часа за да го пријават неговото исчезнување за да се ослободат од недозволените супстанци коишто ги косумирале.
Како што објаснуваат од полицијата, самиот факт дека од моментот на исчезнувањето до моментот на пријавувањето поминале повеќе од 12 часа, целата потрага била многу отежната.
Претседател на српскиот Синдикат на полицајци и полициски старешини, Блажо Марковиќ, смета дека постојат сериозни шанси дека Матеј не е во вода и дека е жив. Марковиќ наведува и дека постои голема можност Матеј некаде да е заробен.
Според него, доколку Матеј умрел во водата и се удавел, телото досега требало да се појави на површината.
„Истрагата треба да се заврши. Не можеме да ја држиме полицијата и да бараме повеќе од два месеци. Моето мислење, но и мислењето на оние кои ја работат таа работа повеќе од мене, е дека Матеј веќе не е во вода.
Тој заминал со возило во некој правец и не знам дали некој го држи во заробеништво или е нешто друго, а се појавија и шпекулации дека е во Германија или на друго место. Јас би претпочитал да станува збор за оваа варијанта, но секоја варијанта е тешка за родителите – изјави Марковиќ пред некој ден.“
Матеј Периш исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 декември при заминувањето од клубот „Готик. Неговите другари го пријавиле исчезнувањето на Матеј на 31 декември во попладневните часови