недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Колега на загинатиот возач на автобусот кој се запали во Србија запрепастен- ја раскажа глетката што ја затекнал

Колега на загинатиот возач на автобусот кој се запали во Србија запрепастен- ја раскажа глетката што ја затекнал

Возачот на „Ниш експрес“ Симо М. од село Претраковица кој загина вчера утрината на регионалниот пат Куршумлија-Прокупље многу колеги го паметат како одговорен возач и добар пријател.

Тој и уште 4 патници загинаа кога со автобусот со кој што возел преминал на лева страна од коловозот и се судрил со камион.

Неговиот колега Миодраг Ѓорѓевиќ е видно вознемирен од смртта на колегата и она што го видел на местото на настанот.

-Јас одев по него и на местото на настанот стигнав 15 минути подоцна. Требаше да се видиме, а потоа наидов на голема несреќа и дознав што се случило. Тоа беше ужасна глетка. Изгорена жена беше превртена со глава наназад, голема трагедија. Не знам што се случило и не сакам да зборувам за тоа, тоа ќе го утврди истрагата – раскажал Ѓорѓевиќ.

Ова е втора несреќа во неполни 5 месеци во која загинаа патници. Првата се случи на 21. декември минатата година на пружниот премин во близина на Ниш кога возачот на автобусот не го видел возот кој доаѓа. Во таа трагедија загинаа 7 лица.