понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Конечно се огласи директорката на училиштето каде Коста направи масакр, еве што кажа таа

Конечно се огласи директорката на училиштето каде Коста направи масакр, еве што кажа таа

За прв пат се огласи Снежана Кнежевиќ, директорката на основното училиште „Владислав Рибникар“ каде имаше масовно пукање, кога ученик од седмо одделение (13) уби осум ученици и чувар, а рани уште шест негови пријатели и професор по историја.

-Знам дека должност на секој што е на чело на јавна институција е да комуницира со медиумите, а особено сега да им се обрати, но ние сме во ситуација во која никој досега не бил,  рече Кнежевиќ.

Директорката на ОУ „Владислав Рибникар“ објасни дека како и досега се води од моралот и дека сака достоинствено да завршат сите процеси во оваа посебна ситуација.

Сакала, вели, да ги испрати сите настрадани деца во вечното почивалиште, како и чуварот на тоа училиште и да ја следи состојбата на останатите ученици и наставничката кои беа ранети во овој масакр.

-По ваквите настани немав време да се занимавам со невистините што се појавија во медиумите, истакнува Снежена и додава дека најмногу се занимавала со процесот во кој сите во училиштето се обидуваат на најдобар можен начин да дојдат до решение за децата.

Снежана Кнежевиќ уште еднаш побара трпение и порача дека навремено ќе одговори на сите прашања.