сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Конференција за подготвеноста за кибер-одбрана на Балканот

Конференција за подготвеноста за кибер-одбрана на Балканот

Атлантскиот клуб на Бугарија и Атлантскиот совет на Србија, со поддршка на програмата НАТО „Наука за мир и безбедност”, од денеска до 19 октомври организираат истражувачка работилница на тема „Основната подготвеност во кибер-одбраната на Балканот” во Белград.

Тој престижен настан ќе зборуваат експерти од таа област од повеќе од петнаесет земји.

Експертите ќе разменуваат ставови за кибер безбедноста во Западен Балкан, за пропустите во политиката на кибер-одбраната, но исто така и за можностите за соработка. Тема ќе биде и подигнување на националните надлежности и да ја подобрување на индустријата за кибер безбедност.

Исто така, ќе се дискутира за градење на капацитетите во кибер-одбраната и препораките што се однесуваат за Балканот, објави Атлантскиот совет на Србија.

МИА