g ја зпочна денешната седница со едноминутен молк за загинатите во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Веста, заедно со слика од почетокот на седницата, на својот Фејсбук ја објави косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој претходно, синоќа, преку социјалната мрежа изрази жалење за жртвите.
-Потресен од несреќата со жртви на автопатот Скопје-Тетово. Трагедија која погоди многу семејства, со десетици повредени и за жал многу загинати. Искрени сочувства за семејствата кои ги изгубија своите најмили и што поскоро опоравување на повредените, напиша Харадинај.