Премиерот на Косово Албин Курти најави дека за вечерва ги повикал на состанок членовите на Советот за безбедност на земјата по случувањата на северот од Косово, објавува косовски Индекс онлајн.
Тема на состанокот ќе биде ситуацијата што настана на северот од Косово неделава по одлуката на владата на Курти за примена на реципроцитет со Србија за регистерските таблички на возилата.
Како што јавува порталот, пред неколку минути, лидерот на ЛДК понудил подготвеност за соработка со цел да се стабилизира ситуацијата на северот на Косово.