На поканата на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, кралот и кралицата на Белгија, од денеска до 4 мај ќе бидат во официјална посета на Грција и ќе остварат низа средби, јави дописничката на МИА од Атина.
Кралското семејство ќе го придружуваат и неколку белгиски министри, а предвидено е за време на посетата на Грција да се сретнат и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, со градоначалникот на Атина Костас Бакојанис, ќе посетата археолошки локалитети, невладини организиации, како и терминалот за течен природен гас на островот Ревитуса во близина на Атина
Посетата започнува попладнево со прием на кралот и кралицата во претседателската палата и средба со претседателката на Грција, која вечерва ќе приреди и вечера во нивна чест.