четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Кривична пријава за новинар на Танјуг – го негирал извршениот геноцид во Сребреница

Кривична пријава за новинар на Танјуг – го негирал извршениот геноцид во Сребреница

Новинарот на српската новинска агенција Танјуг, Марко Трошиќ доби кривична пријава затоа што за време на интервју со претседателот на претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, негираше дека во Сребреница бил извршен геноцид.

Кривична пријава против Трошиќ беше поднесена од страна на Бошњачкото лоби здружение Институт за истражување на геноцид со седиште во Канада, врз основа на измените во државниот кривичен закон, наметнати од поранешниот висок претставник за БиХ, Валентин Инцко.

Од почетокот на август, секое негирање на воените злосторства, вклучително и злосторството геноцид извршено во Сребреница, кој е утврден со пресудите на меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија и Меѓународниот суд на правдата, стана кривично дело за кое е превидена затворска казна од шест месеци до пет години.