среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

„Кроација ерлајнс“ откажа над 80 отсто од летовите во септември

„Кроација ерлајнс“ откажа над 80 отсто од летовите во септември

Хрватскиот авиопревозник „Кроација ерлајнс“ вкупно откажал над 80 отсто од летовите во периодот меѓу 1 и 21 септември годинава на меѓународните линии од Загреб, Сплит и Дубровник.

Според објавениот распоред на летови, компанијата ќе продолжи со летовите до ист број дестинации како и во август, но откажувања на летовите има речиси на сите линии, пренесува порталот „Хрватска авијација“.

Најмногу летови се откажани од Загреб, дури кон 12 дестинации – Амстердам (еден лет), Дубровник-Атина (четири), Брисел (четири), Копенхаген (три), Даблин (два), Лондон Хитроу (четири), Минхен (шест), Париз (четири), Сплит-Дубровник-Рим (пет), Сараево (шест), Скопје (три) и Виена (четири лета).

Откажани се и линиите од Сплит до Франкфурт (еден лет), Виена (седум) и Цирих (два), а од Дубровник четири лета за Атина, еден за Франкфурт, три за Париз и седум за Цирих, пренесува порталот Индекс.хр. (МИА)