петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Курти: Се зголемува ризикот да се повторат насилните напади од „српските криминални структури“

Курти: Се зголемува ризикот да се повторат насилните напади од „српските криминални структури“

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека постои зголемен ризик од повторување на насилните напади од „криминалните структури на Србија во Косово“, пренесува Радио Слободна Европа.

Говорејќи на седницата на Владата на Косово во Приштина, Курти рече дека нивната главна цел е „да ја обвинат косовската полиција и да ја претстават како сила која ги угнетува косовските Срби. За да го постигнат тоа нема да бираат никакви средства, рече косовскиот премиер.

Курти го упати ова предупредување околу три недели откако косовската полиција беше нападната на 24 септември од вооружена група Срби во селото Бањска во општина Звечан, каде што беше убиен полицаецот Африм Буњаку. Во подоцнежните борби во Бањска загинаа тројца српски напаѓачи.

Србија ги отфрли обвинувањата на Косово дека стои зад нападот, кој косовските власти го опишаа како „обид за анексија на северно Косово“.