петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Лајчак во ненајавена посета на Приштина на средба со Курти

Лајчак во ненајавена посета на Приштина на средба со Курти

Косовскиот премиер Албин Курти го пречека претпладнево во неговиот кабинет специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија. Мирослав Лајчак, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ненајавената средба на Курти и Лајчак се одржува без присуство на медиумите, а нема информации ниту дали по средбата ќе има прес-конференција.

Посетата на евродипломатот на Приштина се одржува дента кога во Брисел ќе се расправа за укинување на Шенген-визите за граѓаните на Косово.

Претходно, во вторникот, на 11 октомври, косовскиот премиер имаше телефонски разговор со американскиот државен секретар, Антони Блинкен, со кого разговарал за дијалогот со Србија.

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими изјави деновиве дека во текот на овој месец можно е во Брисел да се одржи средба на Курти со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, но не го прецизира датумот кога тоа би се случило. (МИА)