сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Лавчето пронајдено во Будва веројатно ќе биде испратено во Јужна Африка

Лавчето пронајдено во Будва веројатно ќе биде испратено во Јужна Африка

Прифатилиште за животни од 5.000 хектари во Јужноафриканската Република би можело да биде крајната дестинација за лавчето Симба кое неодамна беше најдено во куќа во изградба во близина на Будва, изјави Милена Батаковиќ, од Агенцијата за заштита на животната средина.

Таа за ТВ Црна Гора изјави дека лавчето сега се чувствува добро односно дека живнало по вакцинацијата и витаминскиот коктел.

Симба и натаму е во привремено засолниште во Подгорица.

Агенцијата за заштита на животната средина вчера поднесе кривична пријава до Специјалното државно обвинителство против неидентификувани лица поради сомнение дека се сторени кривични дела за кои се гони по службена должност, во врска со случајот за нелегален транспорт на лавот.