недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ЛЕДЕНИОТ БРАН ОД АРКТИКОТ ПРИСТИГНА ВО ХТВАТСКА: Снегот предизвика хаос во сообраќајот, во Македонија пристигнува набрзо! (ВИДЕО)

ЛЕДЕНИОТ БРАН ОД АРКТИКОТ ПРИСТИГНА ВО ХТВАТСКА: Снегот предизвика хаос во сообраќајот, во Македонија пристигнува набрзо! (ВИДЕО)

Драстичната промена на времето која што веќе со денови се најавува пристигна на Балканот.

Прва земја на удар на ледениот бран од Арктикот е Хрватска која утрово се разбуди под снег, а температурата таму е под нулата.

Снег паѓа и во главниот град Загреб, а речиси секаде е издадено предупредување возачите да користат зимска опрема.

За овој леден бран се подготвува и соседна Србија, но и Македонија.

Според УХМР во текот на вечерните часови и во текот на утрешниот ден кај нас доаѓа овој студен бран со врнежи од снег и дожд.