На лесковачката „Роштилијада“ синоќа е направена најголемата плескавица на светот од 67,2 килограми месо на скара.
Ова плескавица ја подготвила и испекла екипата на ресторанот „Колиба“ од Лесковац, а во рамките на традиционалниот и меморијалниот натпревар „Новица Станковиќ – Шапоња“.
Екипата во состав Предраг Лазаревиќ, Љубиша Ѓорѓевиќ, Ивица Здравковиќ и Драган Цветковиќ ја подготвилe оваа плескавица, која е за 200 грама потешка од минатогодишниот рекорд.
Дијаметарот на плескавицата по печењето изнесувал 171 см, а дебелината 2,4 см, пишува „Југпрес“.