петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Лидерот на Златна зора и дел од поранешните пратеници виновни за формирање криминална организација

Лидерот на Златна зора и дел од поранешните пратеници виновни за формирање криминална организација

За формирање и водење на криминална организација, виновни се лидерот на Златна зора Никос Михслољакос и дел од поранешните пратеници, меѓу кои и Илиас Касидиарис, Јанис Лагос, Илиас Панајотарос итн, соопшти претседареката на судот на денешното рочиште во процесот против Златна Зора, јави дописничката на МИА од Атина.

Соопштувањето на пресудата беше проследено со аплаузи од семејството на убиениот музичар Павлос Фисас.

Дел од поранешните пратеници од Златна зора се виновни само за учество во криминална организација.

Првичните коментари во Грција се дека станува збор за историска одлука.

Рочиштето во атинскиот суд продолжува.