сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ликот на Никола Тесла се најде на хрватска монета од 20 центи

Ликот на Никола Тесла се најде на хрватска монета од 20 центи

На денешната седница на хрватскиот Националнен совет за еврото беа претставени избраните дизајни од националната страна на хрватските монети на еврото и цент.

– Кога Хрватска ќе ги усвои евро-монетите, тие ќе имаат дизајн на мотиви што ќе ја претставуваат Хрватска, рече Пленковиќ на почетокот на седницата.

– Најмногу гласови доби ликот на Никола Тесла. Избраните мотиви се шаховница, географска карта, куна, Никола Тесла и глаголица, рече тој.

На монетата од две евра ќе има географска карта, на едно евро куна, за 50, 20 центи Никола Тесла, а на помали апоени ќе биде глаголицата. Прворангираните предлози беа прифатени и од Советот на Унијата, рече премиерот и им честиташе на авторите Иван Шивак, Стјепан Прањковиќ, Иван Домагој Рачиќ и Маја Шкрипељ, пренесува Дневник.хр.

Гувернерот на Хрватската народна банка (ЦНБ), Борис Вујчиќ, ќе им додели награди на авторите на најуспешните решенија за дизајн на хрватските евро-монети. За разлика од евро банкнотите, кои се исти кај сите членки на еврозоната, монетите во евра и центи носат информации од земјата што ги издала и на задната страна ги покажуваат националните симболи на таа земја