Наследник на богато семејство, Милош Остојиќ (30), убиен е синоќа во Лукавица во Источно Сараево, во класична заседа. Тој е ранет пред својот клуб Спарта, а од последиците на повредата набрзо починал на лице место.
Засега се знае дека на Остојиќ убиецот му направил заседа, го чекал некое време и штом излегол од возилото, пукал во него.
-Непознато лице синоќа во 23:05 часот во улицата Караѓорѓева во Источно Ново Сараево од огнено оружје тешко ранило маж со иницијали М.О., кој потоа е превезен во болницата Србија, каде набрзо починал, соопштила сараевската полиција.
Жртвата потекнува од многу богато семсјтво, имаат неколку приватни фирми и голем број мештани од Источно Сараево се вработени кај нив. Исто така и локалот пред кој е убиен Милош бил во сопственост на неговото семејство.