Полициски службеници и двајца обвинители на Обвинителството во Кантон Сараево, завршиле со увидот касно синоќа, каде по неколку дневна потрага е убиен Един Гачиќ, повеќекратен убиец.
Тој бил подготвен и вооружен кога отворил оган врз полицијата.
-Полицијата и обвинителите работеа во тешки услови поради снегот. Екипата за увид одеше пешки 45 минути по патека прекриена со снег. Неговото тело со погребална кола е префрлено во Бара, рекла портпаролката на обвинителството, Азра Бавчиќ.
Убиецот на себе имал обмотано волна со која се штител од студот во подрумот во кој се криел, а кон полицијата пукал од пушка наречена „шмајзер“ која ја одземал од полицаецот Михир Бегиќ кој го убил.
Количината на муницијата која е испукана, пронајдена кај него откако е ликвидиран, покажува дека бил добро опремен и дека се спремил за ваква акција.
Во текот на наредните неколку дена ќе биде направена и обдукција на телото за да се потврди од кои повреди починал.
Един беше ликвидиран вчера, откако полицијата открила каде се крие, тој почнал да пука на нив, а во престрелката бил повреден и еден специјалец.