Шефот на словенечката дипломатија Анже Логар денеска ги негираше тврдењата на опозицијата дека твитовите на премиерот Јанез Јанша за американските избори се „дипломатско фијаско“ и „срам“ за земјата.
Јанша веднаш по завршувањето на американските избори на Твитер ја поздрави победата на Доналд Трамп, а по прогласувањето на Џо Бајден за победник, словенечкиот премиер не му честиташе, тврдејќи дека е прерано.
Логар наведе дека тврдењата на опозицијата повеќе ја осрамотуваат Словенија отколку твитовите на Јанша. Тој додаде дека Владата на Јанша во односите со САД и позицијата на земјата во Европска Унија направила многу повеќе отколку левичарските влади изминатите години.