недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Луфтханза откажа авионска линија за Загреб до крајот на март 2021

Луфтханза откажа авионска линија за Загреб до крајот на март 2021

Германската авио компанија Луфтханза со години наназад е редовен корисник на хрватските аеродроми која реализира летови за Минхен и Франкфурт.

Додека авиолинијата Минхен-Загреб е обновена ова лето, истото нема да се случи за линијата од Франкфурт.

Компанијата ги запре летовите на оваа авионска линија на почетокот на пандемијата од коронавирус и до денес не е повторно покрената. Според последните објави на Луфтханза сите летови на оваа линија се откажани до 28 март 2021 година.

Кон овој германски град оние кои имаат потреба може да патуваат од Загреб со други авиокомпании.

За идното лето (2021) Луфтханза повторно ја најавува авионската линија Франкфурт-Загреб со два лета дневно.