понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

МАКЕДОНЦИ ВНИМАВАЈТЕ: Голем пожар го зафати Халкидики, огнот се шири со голема брзина!

МАКЕДОНЦИ ВНИМАВАЈТЕ: Голем пожар го зафати Халкидики, огнот се шири со голема брзина!
ФОТО: ИЛУСТРАЦИЈА

Шума и сува трева горат во реонот на Каламици, на вториот крак на Халкидики – Ситонија во Грција, а пожарот брзо се шири, објавија грчките медиуми.

Во борбата со огнот се ангажирани 14 противпожарни екипи и 24 пожарникари. Подготвен е и специјален авион за гаснење.

Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека видливоста на патот од Солун кон Неа Мудања е многу слаба, а автомобилите се паркираат странично бидејќи не можат да го продолжат патувањето.