На Млет температурата на морето е 30 степени. Во Дубровник беше 29 степени, во Ластово, Крк и Сплит 28. Невидените температури ги запрепастија и научниците, кои со неверување гледаат како составот на жителите на Јадранското Море брзо се менува, пренесува ХРТ.
Научниците истакнуваат дека поради глобалното затоплување од 2016 година се појавиле необични риби и медузи кои доаѓаат од топлите мориња преку Суецкиот канал и Гибралтарскиот теснец во Средоземното Море, а потоа до Јадранското Море.
Потребни се глобални напори за да се запре порастот на температурата на воздухот и морињата во светот. Она што ни изгледа како мала промена, дел од степен или еден степен, всушност е голема промена за заедниците во морето и ние сме изненадени од количината на промени, истакна проф. Марсело Ковачиќ од Природонаучниот музеј во Риека.
Доброто во целата приказна е што Јадранското Море сè уште спаѓа во категоријата најчисти мориња.
Што се однесува до европскиот просек, Хрватска во просек е за 10 отсто подобра од другите брегови на ЕУ, рече проф. д-р. Дарија Вукиќ Лушиќ од Наставниот институт за јавно здравје на Приморско-горската жупанија.
Температурата на морето во Дубровник вчера изнесуваше 29 степени, само два степени пониска од температурата на воздухот.
Температурата е еден од главните регулатори на сите биохемиски процеси во живите организми, вклучувајќи го и животот во морето. Во секој случај, трендот не е добар. Досега неевидентирани информации. Доколку вака продолжи и таа температура навлезе во подлабоките слоеви, тоа секако може да предизвика навистина големи последици за живиот свет, пред се за организмите кои живеат на морското дно. Тие се многу чувствителни. Ако во нивното живеалиште навлезе висока температура, тоа за нив значи смрт, изјави Давор Лучиќ од Институтот за море и крајбрежје од Универзитетот во Дубровник.
Кога станува збор за нови видови кои доаѓаат на Јадранот поради затоплувањето на морето, Лучиќ вели дека тоа е опасно бидејќи сите овие организми се натрапници.
Медитеранот е нежно, мирно море, без опасни организми, но од пробивањето на Суецкиот канал и поради климатските услови какви што се денес, доаѓаат тропски и суптропски видови. Тие доаѓаат во средина која е нивна домашна средина. Ова е тренд во последните 30 години. Посебно источниот Медитеран, од каде одат и кон Јадранското Море. Има риби, планктонски видови кои се припитомени, заклучи тој.