сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Македонец избодел пет лица во Хрватска, му се заканува затворска казна од пет години

Македонец избодел пет лица во Хрватска, му се заканува затворска казна од пет години

Вараждинското Жупаниско државно обвинителство донесе решение за спроведување истрага против 23-годишен државјанин на Македонија, кој пред неколку вечери се обиде да убие едно лице, а четири тешко рани.

Инцидентот се случил на 28 април, во 3 часот по полноќ кога Македонецот на сред улица два пати избодел со нож врсник, при што му задал рана во стомакот и предизвикал внатрешни повреди.

-Исто така, основано се сомнева и дека, во истата прилика, со нож им задал убодни рани и расекотини на четворица оштетени и им нанел телесни повреди, стои во обвинението.

На момчето му е одреден истражен затвор поради опасност од повтроување на казнените дела, опасност од бегство и опасносн од недопуштено влијание врз сведоците во истрагата.

На Македонецот ќе му се суди за две казнени дела, а може да добие казна затвор од пет години. Тој, во моментот, се наоѓа во истражниот затвор, пренесуваат хрватските медиуми.