петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Македонец загина нуркајќи во близина на хрватскиот остров Вис

Македонец загина нуркајќи во близина на хрватскиот остров Вис

Граѓанин на Македонија почина откако му се слошило додека нуркал во вторникот во областа Бриони кај Вис.

Како што пишуваат хрватските медиуми, веднаш била испратена брза помош за да интервенира, но нуркачот веќе починал.

Областа Бриони кај Вис е една од најатрактивните области за нуркање на Јадранското Море, а тука доаѓаат многу нуркачки ентузијасти од странство.