петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Малата Нина успеа, собрани се пари, татко и заминува на лекување

Малата Нина успеа, собрани се пари, татко и заминува на лекување

Нина Нинковиќ (11) од Нови Сад го воодушеви регионот, откако на социјалните медиуми се прошири веста дека продава крофни за да собере пари за лечење на нејзиниот болен татко.

„Прво, сакав да продавам крофни за џепарлак. Но, се сетив дека можам да му помогнал на татко ми да собере пари што е можно поскоро за неговите лекови. Затоа почнав да продавам за него“, вели малечката Нина, која успеала да продаде дури 500 крофни за едно попладне.

Откако се прошири на социјалните медиуми дтотици луѓе дојдоа во новосадска населба зс да придонесат во борбата на Нина со купување крофна. Вчера колоната се протегаше околу целиот главен градски плоштад.

„Сè отиде предалеку, луѓе доаѓаат од сите страни и им благодарам на сите. Морам да кажам дека ги собравме парите и одиме за Москва, билетот за да стигнеме чини 1.000 евра, а останатите трошоци ќе видиме. Засега имаме доволно пари“, изјави Наташа Нинковиќ, мајката на Нина, за Телеграф.рс

Министерот Синиша Мали, вчера, за ТВ Пинк изјави дека државата ќе ѝ помогне на Нина и нејзиното семејство, а контактирал и со министерката Даница Грујичиќ за да се најде најдоброто можно решение за таткото на Нина.