недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Март еден од најстудените месеци во Грција во изминатите 40 години

Март еден од најстудените месеци во Грција во изминатите 40 години

Со екстремно ниските температури, несвојствени за конкретниот период, со обилните дождови и снегот, месец март во Грција бил најстуден во изминатите 12 години и еден од најстудените месеци во изминатите 40 години, според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина.

Оваа година месец март бил четврти најстуден од 1980 година, по соодветните месеци во 1987, 1996 и 1998 година, а просечната температура годинава во март била најниска од трите месеци оваа зима во поголемиот дел од Грција.

Температурата била за 2,7 до 4,1 степен пониска од просечните температури во март во периодот од 2010-2019 година. (МИА)