петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Маж ја истепал сопругата и шестмесечно дете кое има повреди на главата

Маж ја истепал сопругата и шестмесечно дете кое има повреди на главата

Мајка (26) од Белград денеска го донела своето шестмесечно бебе во болница. Како што дознаваат српските медиуми, детето има хематоми на главата.

Мајката рекла дека бебето и неа ноќта меѓу 1 и 2 јуни ги истепал таткото на бебето, односно нејзиниот невенчан сопруг во станот на Ѕвездара.

Мајката е испратена на преглед во Ургентниот центар.

На бебето му се констатирани повреди на главата, а на мајката и биле констатирани повреди на градниот кош.

Полицијата трага по осомничен.