петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Маж се разнесе со бомба, хорор на железничка станица во Чачак

Маж се разнесе со бомба, хорор на железничка станица во Чачак

Маж, чиј идентитет сè уште не е потврден, денеска околу девет часот загина откако активирал бомба на железничката станица во Чачак, јави српската агенција БЕТА.

Според првичните информации, човекот седел сам на клупата, кога ја активирал бомбата.

Иако на станицата имало други лица, нема повредени.

Полициската истрага е во тек. (МИА)